• недела, 28 јули 2024

Реконструиран кровот на училишната спортска сала во беровското село Русиново

Реконструиран кровот на училишната спортска сала во беровското село Русиново

Берово, 1 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на активностите за подобрување на условите за учење на учениците, извршена е промена на кровната конструкција на спортската сала во деветолетката „Никола Петров Русински”, во беровското село Русиново, информираа од Општина Берово.  

Како што додадоа оттаму, се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование.

- Со реконструкција на овој објект, во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во село  Русиново, ќе се подобрат условите за учење, спорт и рекреација и ќе се заштити зградата на училиштето, истакнаа од Општина Берово.

Со реализација на активноста, појаснува градоначалникот Звонко Пекевски, 
ООУ „Никола Петров Русински” во село Русиново, со своето домаќинското работење ја
потврдува грижата за своите ученици и вработени.

Средствата за реализација на оваа активност во износ од 1.168.548,00 денари, се обезбедени од буџетот на училиштето за 2023 година. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан