• недела, 06 октомври 2024

Реконструиран и осветлен градскиот парк во Кавадарци

Реконструиран и осветлен градскиот парк во Кавадарци
Кавадарци, 12 октомври 2020 (МИА) - Реконструиран е и осветлен градскиот парк во Кавадарци, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. - Градскиот парк во Кавадарци е на самиот крај од неговата реконструкција. Градежните работи веќе се завршени, обновени се старите патеки и изградени се дополнителни нови. Паркот е веќе во функција и повеќе не е мрачно место во градот. Ново, современо осветлување кое го прави овој парк безбеден за рекреација и прошетка и во текот на ноќта, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Во тек е уште хортикултурното уредување на коешто интензивно се работи. Од кабинетот на Јанчев соопштија дека обновениот парк ќе ги привлече сите посетители на Кавадарци да прошетаат. - Винскиот музеј како бисер на овој парк е отворен за сите љубители на виното, запознавање со винската култура и историја, тука ќе ве пречекаат љубезните вработени кои ќе ве запознаат со историјата на виното и Тиквешкиот вински регион, додадоа од кабинетот на градоначалникот. свд/хс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан