• вторник, 12 ноември 2024

Реконструирано кошаркарското игралиште во полицискиот центар „Ѓорче Петров”

Реконструирано кошаркарското игралиште во полицискиот центар „Ѓорче Петров”

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Во полицискиот центар „Ѓорче Петров” денеска беше промовирано кошаркарско игралиште, дел од заеднички проект на МВР со Агенција за млади и спорт. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на промоцијата изјави дека за проектот се вложени околу 3 700 000 денари.

- За поставувањето на фитнес зоната и реконструкцијата на кошаркарското игралиште  во рамките на овој проект се вложени некаде околу 3.700.000 денари. Секако дека тука не застануваме, туку ќе продолжиме и понатаму со активности кои практично ќе го додефинираат целиот овој спортски комплекс во услови на функционирањето на полицискиот центар во кој работат и Единицата за брзо распоредување и Единицата за интервентна полиција, рече министерот Спасовски.

Дополни дека промоцијата на овој дел од центарот доаѓа непосредно пред денот на единицата – 23 Август, на 22 години од постоењето на Единицата за брзо распоредување.

Тој најави дека централниот настан за прославувањето на Денот на единицата годинава ќе се случува во Куманово.

- Заради тоа што прославата на Денот на единицата ја посветуваме на осумте загинати полицајци кои ги загубија животите во кумановските настани, и на 23-ти ќе имаме одбележување на настанот со почеток во 9:30 часот на кој ќе го откриеме спомен-обележјето во кругот на СВР кое што е единствено посветено на овие осум полициски службеници кои ги дадоа своите животи во Куманово, рече министерот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, изјави дека се надева дека следната година ќе се заврши и атлетската патека.

- Се надевам дека стоиме на располагање за сите останати полициски службеници кои имаат потреба од вакви игралишта за да можат да се подготвуваат подобро, рече Мојсовски. свс/ар/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан