• среда, 18 декември 2024

Реконструирани и заштитени спомен обележјата на територијата на Општина Берово

Реконструирани и заштитени спомен обележјата на територијата на Општина Берово

Берово, 16 декември 2024 (МИА) - Во Берово заврши проектот за реконструкција и заштита на постоечките спомен обележја. Активноста се реализираше во соработка со локалниот уметник, пензионираниот наставник по ликовно образование, Борис Качулачки, со чија помош беа реконструирани и заштитени повеќе спомен обележја на територијата на Општина Берово. 

-Извршена е санација на Спомен обележјата на Атанас Раздолов, Никола Петров Русински ,Чедомир Димитриев, Панте Радински, Леонид Пецовски, Никола Малешевски и Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски на територијата на општина Берово, како и спомен обележјето на Јован Козовски во с. Будинарци, на Ефтим Папалиски во с.Ратево и спомен обележјето на Ефтим Крстовски во с. Ратево, информираа од Општината.

Оттаму додадоа дека сите споменици и спомен-обележја, на личности кои дале придонес во борбата за  ослободувањето на нашата држава и  учествувале во настаните од минатото,  претставуваат  сведоштво за непокор во борбата за слобода и затоа е многу важно да бидат заштитени и зачувани. 

- Во знак на придонес, во зачувувањето на културното наследство на Општина Берово на наставникот Борис Качулачки, на 23 август, Денот на Општина Берово, општината му додели Благодарница, додадоа од Општината.

Реконструкцијата е поддржана со Одлука од  Советот на општина Берово  и за истата од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, исплатени се 20.000,00 денари. вс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан