• петок, 27 декември 2024

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“ 

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“ 
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - ЈП „Улици и патишта“ - Скопје деновиве го реконструираше оштетениот дел на пешачката и на велопатеката на улицата „16 Македонска бригада“, односно пред кружниот тек во населба Железара, информираат од Град Скопје.
-При реконструкцијата извршен е  ископ на оштетениот асфалт на дел од површината, отстранети се и оштетените бекатон плочи, а  потоа се поставени рабниците, тампон слој и нова асфалтна маса на површина од 550 квадратни метри, се вели во соопштението.
Од Град Скопје додаваат дека за асфалтирање на овој дел од патеките употребени се 90 тони асфалтна маса и соопштија дека екипите на ЈП „Улици и патишта“ - Скопје ги санираа и оштетувањата на пристапната патека кон Паркот на природата Гази Баба со површина од 250 квадратни метри. ки/цр

Остани поврзан