• среда, 27 ноември 2024

Реконструирана улицата „20“ во населба Припор

Реконструирана улицата „20“ во населба Припор

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Пуштена е во употреба новата реконструирана улица „20“ во населбата Припор. Како што информира Општина Кисела Вода, стотици жители кои 55 години немаа слух од претходните раководства првпат добија нов асфалт. Улицата, која се протега на 1350 квадратни метри и на која се одвива нивното секојдневие, е правена со самопридонес во 1969 година.

За таа цел граѓаните на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски му врачија благодарница на која сите се потпишаа.

- За некого можеби ова е мала, но за стотиците жители од улица „20“ во Припор голема работа бидејќи првпат во историјата добиваат улица, кои претходно ја правеле со самопридонес. Ваквите случаи се минато, а ние продолжуваме понатаму со уште посилно темпо, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на синоќешната средба со граѓаните, која ја искористи да се информира и за останатите потреби кои ги имаат граѓаните.

Како резултат на стратегијата на Општина Кисела Вода за рамномерен регионален развој и унапредување на инфраструктурата во сите свои населби и населени места, досега во урбаната заедница Припор е извршено асфалтирање на улици во должина од околу 1600 метри. 

Општина Кисела Вода потсетува дека за овие две години инвестирале во обнова на патната инфраструктура во должина од над 44 километри. мд/са/

Фото: Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан