• среда, 25 декември 2024

Реконструираната филтер станица предадена на штипски „Исар“

Реконструираната филтер станица предадена на штипски „Исар“
Штип, 27 јануари 2022 (МИА) - Новата штипска филтер станица е доделена на комуналното претпријатие „Исар“. Советниците на седница на Советот на Општина Штип ја донесе одлуката, а ова значи дека на крајот на февруари или почетокот на март штипјани ќе добиваат вода за пиење од ХС „Злетовица“ Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков вели дека ова е од полза за градот, бидејќи ќе биде единствениот град во источниот регион, кој  ќе има можност граѓаните од две места да добиваат вода за пиење. -Со одлука на Советот на Општина Штип и официјално беше предаден новиот дел од преадаптацијата на филтер станицата на ЈП „Исар“ Штип, така што по спроведува на сите административни мерки (запишување во катастар, обезбедување дозволи) ќе може конечно да ја примиме водата од ХС Злетовица. Штип ќе биде единствен град во овој регион којшто ќе има два система за водоснабдување, рече Здравков. Приклучувањето на Филтер станицата на цевководот на ХС „Злетовица“ ќе значи и намалување на  сметката за електрична енергија на ЈП „Исар“. - Многу важно е да се знае дека во моментов ЈП „Исар“ користи три пумпи за водоснабдување, кои трошат многу електрична енергија. Знаете сите дека цената е покачена во однос на претходниот период и од тие причини потребно да се предаде овој дел, додаде Вишна Шорова – Ангелова вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. вдј/аа/

Остани поврзан