• сабота, 23 ноември 2024

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АДповторно му ја даде довербатана актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска - Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова - Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директорво наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. 

Во образложението на одлуката за реизбор се истакнува дека резултатите одработата на извршните директори и членови на Управниот одбор на КаСис изминативе години се евидентни. Компанијата ги зголеми приходите и профитот од кој дел се реинвестираше во опрема и софтвер со врвна технологија за унапредување на услугите во чекор со светските трендови. КаСис во континуитет е стабилен и доверлив партнер на банките и е-трговците во доменот на процесирање трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички, сервиси на дежурен центар. Сите услуги се на највисоко ниво на безбедност потврдено со сертифицираност од страна на MasterCard / Visa/Diners International(DCI).

„Во изминатиот мандат како тим успеавме да ја зацврстиме лидерската позицијата на КаСис во индустријата преку извонредниот квалитет на услугите, максималната сигурност и технолошки софистицирани и напредни решенија усогласени со потребите на клиентите. Тоа го постигнавме благодарение на професионалноста и посветеноста на сите вработени, кои го вложуваат целокупниот личен и деловен капацитет во задоволството на клиентите. Новиот четиригодишен мандат е ветување за уште поголеми залагања и резултати кои ќе ја позиционираат компанијата подеднакво доминантно и на регионалниот пазар.“ – стои во изјавата на Управниот одбор. 

Тагови

Остани поврзан