• среда, 18 декември 2024

Режисерот Срѓан Драгојевиќ во Скопје за промоција на негова книга поезија во издание на ТРИ

Режисерот Срѓан Драгојевиќ во Скопје за промоција на негова книга поезија во издание на ТРИ

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Српскиот режисер  Срѓан Драгојевиќ доаѓа во Скопје по повод првото македонско издание на неговата поезија.

Неговата книга  „Чат-пат е добро да се читне некоја книга за да не се испадне глупав во друштво, или сè што не сте знаеле за поезијата, а сте биле претерано мрзливи да читате“ ќе биде промовирана вечер од 19.30 часот во Бистро Комедија.

Книгата ја објави Издавачкиот центар ТРИ, а ќе ја промовира писателката Румена Бужаровска.

-Низ разговор со авторот, Бужаровска  ќе ни ги доближи неговите необични, свежи и револуционерни стихови. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да поразговарате со еден необичен човек каков што е Срѓан Драгојевиќ. Неговата книга е едно од изненадувањата на овогодишниот Саем на книгата, каде што и на штандот на ТРИ ќе имаме можност да се сретнеме со него, се наведува во објавата за настанот. 

Драгојевиќ е познат по неговите филмови „Рани“, „Ние не сме ангели“, „Убавите села убаво горат“ и „Парада“. хс/са/ 

Фото: Издавачки центар ТРИ 

Остани поврзан