• среда, 18 декември 2024

Ред Бул се одлучи за својот состав за сезоната 2025

Ред Бул се одлучи за својот состав за сезоната 2025

Париз, 17 декември 2024 (МИА) - Ред Бул и Серхио Перез решија да се разделат, пренесува француски „Канал+“.

Според изворот, австрискиот тим одлучил Лијам Лосон да биде дел од главниот ростер заедно со Макс Верстапен. Јуки Цунода ќе остане во РБ, а од сезоната 2025 ќе вози за тимот „Рејсинг Булс“. 

Претходно беше објавено дека Изак Аџар од Формула 2 ќе се пресели во РБ и ќе му биде тимски колега на Цунода.

Перез вози за Ред Бул од 2021 година. Минатата сезона стана вице-светски шампион. Триесет и четиригодишниот Мексиканец оваа година четири пати заврши на подиумот, но во втората полусезона никогаш не заврши повисоко од шестото место и двапати заврши на 17. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан