• недела, 01 септември 2024

Реднап: Дојде Мурињо, но тој нема волшебно стапче

Реднап: Дојде Мурињо, но тој нема волшебно стапче
Лондон, 8 јануари 2019 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, вели дека тимот поминува чуден период и дека доаѓањето на Жозе Мурињо не даде брзи резултати. - Тотенхем минува низ еден чуден период што се одолговлекува, ако го погледнете внимателно. Последните 25 натпревари со Покетино на чело, екипата беше во добра форма, а потоа, од некоја непозната причина, имаше долг период на лоша форма. Во моментот, нивната форма скока нагоре и надолу. Жозе дојде во клубот, знаеме дека постигна неверојатни резултати, но никој нема волшебно стапче. Во моментов, тимот едноставно не изгледа како што треба, смета Реднап. Тотенхем е на 6. место во Премиер лигата. Под водство на Мурињо, тимот не успеа да победи три натпревари по ред. зс/

Остани поврзан