• четврток, 26 декември 2024

Регрутите во армијата на САД задолжително се тестираат на коронавирус

Регрутите во армијата на САД задолжително се тестираат на коронавирус
Вашингтон, 5 март 2020 (МИА) - Новите регрути во армијата на САД од неодамна поминуваат задолжителен преглед од коронавирус, објави Си-Ен-Ен. Прегледите се дел од заложбите на Пентоган да спречи ширење на вирусот во редовите на американската армија и тие започнале уште во јануари, соопшти медиумот, повикувајќи се на неименуван претставник на воените сили на САД. Прегледот вклучува „оценки поврзани со симптомите како треска, заболување на дишните патишта, дијареа, омалаксаност или болки во мускулите, како и прашања за минати патувања во странство на регрутите и за тоа дали имале близок контакт со носител на вирус“. Ако регрутот одговори „не“ на сите укажани прашања и има температурата од 99.4 степени по Фаренхајт (37.4 степени Целзиусови), ќе му биде дозволено да стапи на служба во армија. Како што јавија некои медиуми, поради ширењето на коронавирусот низ цел свет, екипажите на Шестата флота на воено-поморските сили на САД ќе се придржуваат на двонеделен карантин по секое пристанувањето на европските пристаништа. - Заедно со другите флоти утврдивме 14 дневен период меѓу посетите на пристаништата, за да се изврши контрола на здравствената состојба на екипажот, изјави синоќа претставник на Шестата флота одговорен за стационираната американска војска во Европа и Африка. Претставничкиот дом на Конгресот на САД синоќа одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со смртоносното заболување. Средствата се наменети за дополнителни брзи тестови за Ковид-19 и за развој на вакцина, но и за реализиција на други медицински изучувања и домашна медицинска нега за постарите лица. Од пневмонија и компликации со дишењето во САД досега починаа 11 лица, а 154 се инфицирани. кб/гт/

Остани поврзан