• среда, 25 декември 2024

Регистрирани нови седум случаи на заразени со коронавирус, вкупно 42

Регистрирани нови седум случаи на заразени со коронавирус, вкупно 42
Скопје, 18 март 2020 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил вечерва објави дека од 38-те лица кои беа тестирани попладнево, позитивни на коронавирус се седум лица, три од Дебар и четири од Скопје.
- Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни осум кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се седум лица, тројца од Дебар и четворица од Скопје, напиша Филипче.
Тој наведе дека во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на корона вирус.
- Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија, посочи министерот.
Тој информира дека во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираат во текот на утрешниот ден.см/са/

Остани поврзан