• петок, 27 декември 2024

Регионални и департмански избори во Франција, крајната десница на Националниот Фронт со шанса да го освои првиот регион

Регионални и департмански избори во Франција, крајната десница на Националниот Фронт со шанса да го освои првиот регион
Париз, 20 јуни 2021 (МИА) – Од осум часот изутринава 48 милиони француски избирачи се повикани да гласаат за да ги изберат претседателите на регионите и нивните советници, како и департманските совети. Според последните испитувања на јавното мислење се стравува од голема неизлезеност, која може да го надмине рекордот од 2010, кога бројот на оние кои апстинираа достигна 53,7 отсто на регионалните и 55,68 отсто во 2011 на департманските избори, јави дописникот на МИА. Ова повлекување на гласачите е знак на болна демократија, на политичко разочарување во кое трае чувството дека „гласот е бескорисен“. И таа не поштедува никого. Ефектите од здравствената криза или блискоста на одмори не можат да послужат како објаснување за демократската криза, потврдена во текот на анкетите и покрај епизодните отсткоци. За оваа прво гласање истовремено за департмански и регионални избори, гласачите кои ќе гласат не е потребно да гласаат за секој од нив - сепак ќе биде интересно детално да се набљудува стапката на учество. Што ќе биде за секое гласачко ливче? Дали учеството ќе биде посилно - или помалку слабо - на департманско отколку на регионално ниво во руралните области, каде што сеуште се идентификуваат департманските советници, за разлика од урбаните области. На департманските избори се гласа со мнозинство гласови за избор на двојка, составен од жена и маж, додека на регионалните избори, тоа е систем на пропорционален список. За да бидат избрани во првиот круг на департманските избори, двојката мора да добие апсолутно мнозинство (најмалку 50%) од дадените гласовите и ова мора да одговара на најмалку 25 отсто од запишаните гласачи. Во случај на втор круг, двојките кои имаат добиено најмалку 12,5 отсто од гласовите на запишаните гласачи се квалификувани, а ако не, двата први пара. На регионалните избори, ако ниту една листа не добие апсолутно мнозинство во првиот круг листите кои имаат добиено најмалку 10 отсто од гласовите можат да учествуваат во вториот круг - освен во Корзика, каде што овој праг е 7 отсто. Листите кои ќе добијат најмалку 5 отсто може да се спојат со листа што може да се одржи во вториот круг; листата доставена во вториот круг може да биде различна од онаа од првиот круг. Декларациите за кандидатура или повлекување за вториот круг мора да бидат поднесени во понеделник на 21 јуни најдоцна до 18 часот за департманските и во вторник 22 јуни за регионалните. На регионалните избори со големо внимание ќе се следат резултатите во повеќе региони, каде крајната десница е високо котирана кај намерите на гласачите, скоро насекаде се појавува како сериозна алтернатива на класичните политички партии, така Националниот собир на Марин Ле Пен, може да го освои регионот Прованс Алпи Азурен Брег, каде листата ја предводи поранешен министер на Никола Саркози, Тиери Мариани. А во неколку други региони во случај на одржување на неколку листи, Националниот собир има шанси да ги освои истите, со оглед дека Републикаснкиот фронт воспоставен во 2002 од дуелот Жак Ширак-Жан Мари Ле Пен, кој се состоеше на повлекување на листите од класичните партии, за да му се попречи патот на крајната десница, денес е силно разнишан. На овие избори исто така се игра и лидерството кај разединетата левица, односно кој Зелените или социјалистите ќе бидат обединувачката сила за престојната реконструкција на левицата. Накратко, овие избори се вистински тест помалку од една година пред претседателските избори во Франција во 2022 година.тг/јт/

Остани поврзан