• четврток, 26 декември 2024

Регионалниот ЦУК Струмица доби возило со опрема за ноќни операции

Регионалниот ЦУК Струмица доби возило со опрема за ноќни операции

Струмица, 9 ноември 2023 (МИА) - Во дворот на Регионалниот ЦУК Струмица денеска се изврши примопредавање на возило „FORD KUGA ST X LINE“ со ИКТ опрема за ноќни операции, добиено од реализација на Проектот за ефикасно откривање и управување со шумски пожари со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики со Грција – eFIDAR, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што инофoрмираа оттаму, возилото преку GPS е планирано да биде поврзано со дроновите и Командниот центар во Струмица заради ефикасно и рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа што ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија, која ќе придонесе за рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

На примопредавањето на возилото присуствуваа директорот и заменик-директорот на ЦУК, националните партнери во проектот-Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, како и вработените во РЦУК Струмица. рт/мд/

Фото: ЦУК

Остани поврзан