• недела, 24 ноември 2024

Регионалниот извор „Лукар“ прогласен за заштитена зона 

Регионалниот извор „Лукар“ прогласен за заштитена зона 
Кавадарци, 14 јануари 2022 (МИА) - Регионалниот извор „Лукар“ на Кожуф планина е прогласен за заштитена зона од прв ред, согласно на Законот за води, информираат за МИА, екологистите од  Здружението „Еко-живот“ од Кавадарци. Оттаму појаснуваат дека се работи за изворишниот дел составен од изворите Лукар 1 и 2, Косматец и Стара Река, од кои со вода за пиење се снабдуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман. - Водата од овој водовод е многу драгоцена, бидејќи е планинска и се носи педесетина километри до тиквешани. На иницијатива на општината Кавадарци, изработен е елаборат во кој, подрачјето околу изворот е поделено во три зони. Првата и втората зона се под строг надзор. Стопанисувањето со заштитениот дел, со одлука на Влада, е доверено на кавадаречкото комунално претпријатие, соопштија од еколошкото друштво. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, денеска информираа дека со прогласување на прва заштитена зона „Лукар“, по налог на градоначалникот, заедно со ЈП „Комуналец“ и „Еко-живот“, ќе се пристапи кон поставување информативни и предупредувачки табли на прва и втора заштитена зона, како и оградување, кога  временските услови ќе дозволат такво нешто. свд/аа/

Остани поврзан