• сабота, 28 декември 2024

Регионална средба на комунални претпријатија во Општина Илинден

Регионална средба на комунални претпријатија во Општина Илинден

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Општина Илинден и оваа година е домаќин на Регионалната средба на комунални претпријатија која е во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, согласно проектот „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.

На оваа  средба, како што соопштија од Општина Илинден присуствувал и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорите на комуналните претпријатија, Ивица Трипуновски и Борче Мицановски, кои се и координатори на проектот за скопскиот регион.

-Генералната цел на настанот, е да се подигне јавната свест за одржливи комунални услуги, едукација за значењето на комуналните услуги и навремена испорака во секојдневниот живот, како и предизвиците со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија, велат од Општината.

Градоначалникот Георгиевски во своето обраќање истакнал дека комуналната дејност е една од основните надлежности на локалните самоуправи и најголем дел од барањата на граѓаните се токму во комуналните дејности и дека работата на комуналните претпријатија е највидлива до крајните корисници, затоа треба да се посвети поголемо внимание од страна на централната власт со финансирање на
проекти во делот на животната средина, односно во комуналните претпријатија.

Одржувањето на овие настани обезбедуваат можност за размена на искуства и дискусии околу важни теми поврзани со комуналните услуги за подигнување на јавната свест, како и за значењето на одржливоста и достапноста на комуналните услуги. љм/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан