• вторник, 24 декември 2024

Регионална конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Регионална конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Забележуваме дека повеќе пари се остваруваат и добиваат со криумчарење луѓе, отколку со криумчарење дроги, ова е една промена која ја забележуваме во последнава декада и гледаме дека оваа појава се зачестува. Многу е јасно дека првиот чекор да се спречи и елиминира ваков феномен е да ја зајакнеме полициската соработка во регионот, но сметам дека полициската активност навистина нема да биде доволна на крајот од денот затоа што ни е потребна социјалната компонента бидејќи постојат голем број социјални прашања поврзани со овој феномен, истакна заменик амбасадорот во германската амбасада во земјава Ото Граф.

Тој ги посочи дека луѓето мигрираат затоа што бараат подобри животни услови и смета дека е многу важно да осигураме дека работните услови секаде низ светот се подобруваат. 

-Германската Влада донесе подзаконски акт за надгледување на активностите и условите кои се случуваат во текот на производството во целиот синџир на снабдување и условите во кои тие производи кои доаѓаат на нашиот пазар понатаму се обезбедуваат. Една од причините зошто ова го правиме е да видиме како производството се одвива, но и да ги убедиме компаниите да ги следат работните услови во земјите во кои тие ги вршат набавките. Сето ова ќе помогне и во елиминирање на трговијата со луѓе, затоа што доколку условите за работа се подобрат во другите земји ќе има помалку можности или потреба за мигрирање, но и помали можности за криумчарите и луѓето да ја искористуваат оваа ситуација за да имаме постабилна социјална средина во сите земји, во земјите во кои луѓето мигрираат, рече Граф.

Директорот на ГИЗ во земјава Дејвид Оберхубер посочи дека мора да се одвива дебата меѓу владите во регионот.

-Првично се концентриравме на идентификација на жртвите и како да се справиме со потенцијалните жртви, а и кои услуги ќе можат да се понудат за овие лица кои се во ризик, во опасност или оние кои се веќе жртви на вакви кривични дела. Создадовме бројни услуги заедно со нашите партнери од јавните институции со партнерите од граѓанскот сектор, а нашата главна алатка беа нашите мобилни тимови кои беа воспоставени со заедничко партнерство меѓу владините институции и граѓанскиот сектор. За нас беше особено важно да ја воспоставиме оваа соработка меѓу Владата и граѓанскиот сектор да имаме дијалог меѓу овие партнери што понекогаш и застанува и сакавме да го надминеме тој предизвик да можеме да имаме едно заедничко разбирање за проблемот, а и понатаму да најдеме и заеднички решенија. Опфативме осум илјади лица и со тоа веќе даваме една слика за потенцијалните жртви кои се појавуваат во таквата трговија, секако дека работевме и со прифатните центри, центарот за мигранти, како и шелтерите што згриживаат жртви од трговија со луѓе, рече Оберхубер.

Според него добро е што веќе има најави да работат на превентивниот апсект, да можат да се произнесат со сет на мерки за целосна борба против трговија со луѓе во наредните три години.

Директорот на Регионалниот центар на Инцијативата за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) Сашко Коцев истакна дека преку оваа конференција сакаат да ја зајакнат свеста за предизвиците и ризиците поврзани со ова кривично дело, но и да се зголеми свеста за големата димензија на ова кривично дело, но и важноста на соработката меѓу невладините организации, академската заедница и останатите засегнати страни во Западниот Балкан.

-Ние како МАРРИ особено ја цениме соработката, која ни е дадена во исполнување на нашите цели да станеме регионален центар на знаење поврзан со миграциите, па имајќи го предвид овој проект за јакнење на човековиот капацитет и развивање на новиот модел за базата на податоци, за статистиката поврзана со криумчарењето луѓе. На нашата веб-страница ќе бидат објавени голем број на нови статистики и документи кои ќе бидат исто така ажурирани на нашиот веб, рече Коцев. мс/ац/

фото: МТСП/МВР

 

 

Остани поврзан