• четврток, 26 декември 2024

Регионална конференција „Претставеност на помалкубројните заедници на државно и локално ниво“

Регионална конференција „Претставеност на помалкубројните заедници на државно и локално ниво“
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Заедницата на Хрватите во земјава организира регионална конференција на тема „Претставеност на помалкубројните заедници на државно и локално ниво“, како дел од проектот „Зачувување на културата кај Хрватската заедница и останатите помалкубројни заедници во РСМ“. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за остварување на права на заедниците на Владата на РСМ.
На конференцијата е најавено учество на националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Еран Куртиш, заменик министерот за регионален развој на Косово, Алмир Валији, пратеничката во Собранието, Санела Шкријељ, пратеникот во косовскиот  Парламент, Дуда Баље, секретарот на Бошњачкиот национален совет на Србија, Дуда Баље и претставникот на Хрватскиот светски конгрес од Германија, Иван Брадиќ. свс/сп/

Остани поврзан