• четврток, 26 декември 2024

Регионален форум „Човекови права и пристап до информации” 

Регионален форум „Човекови права и пристап до информации” 
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Во рамки на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“, денеска ќе се одржи онлајн регионален форум „Човекови права и пристап до информации”. Форумот има за цел да даде преглед и да ја истакне важноста на улогата на човековите права и пристапот до информации за време на пандемии, истакнувајќи ги правните аспекти за овозможување на такви активности, како и споделување на најдобри практики на ГО поврзани со темата. Овој форум е организиран во рамки на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. На форумот се очекува да учествуваат претставници на граѓанските организации, јавните институции, приватниот сектор, донаторите, академската заедница и медиумите од регионот. цр/мд/

Остани поврзан