• среда, 27 ноември 2024

Ревија на српскиот фолклор организиран од Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

Ревија на српскиот фолклор организиран од Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

Тетово, 21 јануари 2024 (МИА) – Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово вчеравечер ја организираше манифестацијата „Сите на оро“.

Манифестацијата претставуваше ревија на српскиот фолклор на која настапија повеќе културно-уметнички друштва. Покрај домаќините КУД „Бранко Чајка“, настапија КУД „Цветко Грбиќ“ од Штрпце, Фолклорниот ансамбл „Севдах“ од Врање и КУД „Соко“ од Бујановац.

- Целта на овој настан е да се чува и негува културниот и етнички идентитет на Србите во Република Северна Македонија. Публиката од Тетово имаше можност да види и некои српски традиционални ора кои 2017 година се дел од репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, посочи претседателката на Здружението, Соња Трајковиќ Андонов.

Дел од манифестацијата беше и тетовското трио „Шербет“ кое исполни повеќе македонски и српски музички композиции. ас/бак/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан