• сабота, 23 ноември 2024

Реваншот меѓу Џошуа и Усик во мај

Реваншот меѓу Џошуа и Усик во мај
Лондон, 9 февруари 2022 (МИА) – Еди Хем, промоторот на поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Ентони Џошуа, објави денеска дека возвратниот дуел против Украинецот Олександар Усик ќе се одржи во мај. Џошуа во септември лани на стадионот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем со едногласна одлука на судиите беше поразен од Усик и со тоа ги загуби титулите светски првак во верзиите WBA, WBO, IBF и IBO. - Јасно е дека Џошуа ќе се бори против Усик, а мечот ќе биде во мај, најави Хем. Засега останува отворено прашање за местото на борбата. - Имаме понуди од целиот свет, Британија, Америка, Блискиот исток. Јас би сакал борбата да се одржи во Велика Британија, но ќе видиме, додаде промоторот на Џошуа. ег/

Остани поврзан