• среда, 18 декември 2024

Ребров: Многу важна победа за тимот и за државата

Ребров: Многу важна победа за тимот и за државата

Дизелдорф, 21 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на Украина, Серхи Ребров, беше исклучително задоволен од духот што го покажаа неговите играчи за победа од 2:1 против Словачка.

-Многу сум среќен за играчите. Реагиравме многу добро откако примивме гол. На полувремето променивме некои работи во однос на високиот пресинг. Играчите кои дојдоа од клупата ни помогнаа да ја подобриме нашата игра. Најважно е дека го покажавме нашиот дух. Мора да се фокусираме на следниот натпревар, но тоа беше многу важна победа за тимот и за земјата. Не викав на полувремето, само требаше да реагираме. Знаевме дека не притискаме доволно високо и ова беше нашата единствена шанса. Така им кажав на играчите“, изјави Ребров.

Ребров зборуваше и за својата одлука да стартува со Анатолиј Трубин на голот.

-Мило ми е што имаме добра конкуренција меѓу голманите. Мислам дека Трубин заслужи шанса по настапот против Германија. Беше многу мирен и можеше да започне пред овој натпревар, истакна тој. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан