• четврток, 26 декември 2024

Реал се договори со Дејвис

Реал се договори со Дејвис

Мадрид, 30 март 2024 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е блиску до преселба во Реал Мадрид.

Според шпански „AS“, Реал Мадрид се согласил за личните барања на 23-годишниот Канаѓанец. Шпанскиот фудбалски великан е подготвен да плати 25-30 милиони евра за играчот.

Самиот Баерн Минхен сака да добие околу 50 милиони евра.

Сезонава Дејвис одигра 31 натпревар, постигнувајќи гол и три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан