• среда, 25 декември 2024

Реал сака да купи 18-годишен дефанзивец

Реал сака да купи 18-годишен дефанзивец

Мадрид, 8 февруари 2024 (МИА) - Еден од главните проблеми на Реал Мадрид сезонава е дефанзивата, а причините се бројните повреди. „Кралскиот клуб“ прво остана без Едер Милитао, а потоа се повреди и Антонио Рудигер, а со поситни повреди се мачи и Дави Алаба.

Па затоа раководството на шпанскиот фудбалски великан во летниот преоден рок е решено да инвестира во последната линија. Една од главните желби е младиот 18-годишен Французин, Лени Јоро.

Фудбалерот е под договор со Лил до летото 2025 година што значи дека има активна трансфер клаузула за негова слобода што би значела трансфер, во случајот на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно, на самиот стопер му било сугерирано да го одбие продолжувањето на договорот со актуелниот клуб за да може Реал да го доведе по пониска цена од онаа што моментално ја бара Лил. Таа изнесува 60 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан