• недела, 29 декември 2024

Реал прими 13 гола на 22 натпревари во Ла Лига, најмалку во клупската историја

Реал прими 13 гола на 22 натпревари во Ла Лига, најмалку во клупската историја
Мадрид, 1 февруари 2020 (МИА) - Реал Мадрид го совлада Атлетико со 1:0 во дербито на  22. коло на шпанската Ла Лига. Мадридскиот клуб прими само 13 голови, најмалку во историјата на клубот. Претходно, по 22 рунди, Реал Мадрид никогаш не успеал така да ја зачува сопствената мрежа. „Командант“ на одбраната на „кралскиот клуб“ е голманот Тибо Куртоа кој од овие 22 натпревара, на 19 беше на голот на шпанскиот великан. Тимот под водство на тренерот Зинедин Зидан игра одлично во досегашниот дел од сезоната и се наоѓа на првото место на табелата со шест бодови повеќе од Барселона која има и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан