• недела, 28 јули 2024

Реал незадоволен од распоредот во Ла Лига, Барселона има двојно повеќе време за одмор меѓу 33. и 34. коло

Реал незадоволен од распоредот во Ла Лига, Барселона има двојно повеќе време за одмор меѓу 33. и 34. коло
Мадрид, 23 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид изрази незадоволство од календарот за следните кола од фудбалскиот шампионат на Шпанија, пренесува „АС“. Клубот смета дека распоредот на натпревари во 33. и 34. коло е неправеден. „Кралевите“ протестираат поради фактот дека тимот ќе има 56 часа помалку за да се одмори од Барселона, односно 62 часа за Мадрид, а 118 за Каталонците. Во 33-то коло, Барселона ќе игра против Атлетико на 30 јуни, а Реал со Хетафе на 2 јули. Во 34-то коло, Реал ќе гостува кај Атлетик, попладнето на 5 јули, а Барселона ќе се сретне со Виљареал доцна во вечерните часови истиот ден. Реал Мадрид е лидаер на табелата пред Барселона. Двете екипи имаат по 65 бода. зс/

Остани поврзан