Реал Мадрид ќе ги насочи своите напори кон привлекување на Ерлинг Халанд
- Реал Мадрид сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Шпанците се загрижени поради офанзивата на клубовите од Саудиска Арабија кон Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, пишуваат шпанските медиуми.

Мадрид, 15 април 2025 (МИА) - Реал Мадрид сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Шпанците се загрижени поради офанзивата на клубовите од Саудиска Арабија кон Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, пишуваат шпанските медиуми.
Норвешкиот стрелец долго време е цел на раководството на „белиот балет“, но досега трансферот изгледаше невозможен поради присуството на Винисиус и Мбапе.
Изгледа дека привлекувањето на Халанд не е лесна задача, бидејќи на почетокот на 2025 година Норвежанецот го обнови договорот со Манчестер Сити до летото 2034 година, а според извештаите новиот договор не вклучува ослободителна клаузула. дс
Фото: Архива