• четврток, 26 декември 2024

Реал Мадрид не планира натпревар на „Бернабеу“ пред 2021 година

Реал Мадрид не планира натпревар на „Бернабеу“ пред 2021 година
Мадрид, 11 мај 2020 (МИА) - Реал Мадрид се подготвува за натпревари без публика барем до јануари 2021 година, поради што најверојатно во тоа време нема да бидат домаќини на „Сантијаго Бернабеу“. Ова го потврдија извори од клубот за „АС“. Како што е веќе јасно, постојат сериозни стравувања дека поради коронавирусот, фудбалските првенства ќе останат без гледачи на стадионите долго време. Песимистичките прогнози велат дека ова може да важи за целата следна сезона. Поради оваа причина, Реал одлучи во иднина да биде домаќин на своите ривали на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во базата на клубот. Објектот со капацитет од 6.000 гледачи е дом на резервниот тим на Реал Мадрид Кастиља, кој се натпреварува во третата дивизија, а теренот во него има точно иста големина како и на „Бернабеу“. Покрај тоа, клубот финансиски ќе им надомести на сите свои приврзаници со сезонски билети и веќе купени билети, кои нема да имаат шанса да ги следат домашните натпревари на тимот. Единствената добра работа во врска е што во моментов има услови за реновирање на „Бернабеу“. Тамошните работници работат веќе неколку недели и нема да бидат под притисок од времето.

Тагови

Остани поврзан