• петок, 20 декември 2024

Реал Мадрид го губи Браим Дијаз за долг период

Реал Мадрид го губи Браим Дијаз за долг период

Мадрид, 15 септември 2024 (МИА) - Се чини дека на повредите во Реал Мадрид им нема крај, откако Браим Дијаз стана последниот играч на Лос Бланкос кој ќе паузира. 25-годишниот играч, кој се одлучи да игра за Мароко, стартуваше синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад, но почувствува болка во бутот и беше принуден да го напушти мечот во 25. минута.

Според шпанските медиуми, повредата на Дијаз е тешка и тој ќе биде надвор од терените речиси три месеци. Се очекува да биде во комбинација дури на крајот на ноември.

-По денешните тестови направени врз нашиот играч Браим Дијаз од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на десната нога. Се чека развој на настаните, стои во соопштението на Кралскиот клуб.

Се очекува Дијаз да биде подложен на нови медицински тестови за околу една недела, кои ќе дадат поголема јасност за неговата состојба. Тој самиот се заблагодари на социјалните мрежи за поддршката и вети дека наскоро ќе се врати. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан