• петок, 08 ноември 2024

Реал Мадрид трета пандемиска година по ред во плус 

Реал Мадрид трета пандемиска година по ред во плус 
Мадрид, 13 септември 2022 (МИА) – Реал Мадрид ја заврши финансиската година 2021-22 со добивка од 13 милиони евра, објави денеска актуелниот европски и шпански првак.  Во клупското соопштение се потенцира дека Реал успеал да остане во плус во текот на последните три финансиски години погодени од пандемијата на Ковид-19.  - Оперативните приходи за финансиската 2021-22 година достигнаа 722 милиони евра, што е зголемување за 69 милиони евра (десет отсто) во однос на претходната година, бидејќи економските аспекти на пандемијата полека стивнуваат, соопшти Реал.  Кралскиот клуб минатата сезона ја освои рекордната 14. европска титула, а се закити и со титулите во шпанското првенство и Суперкупот. ег/паг/ 

Остани поврзан