Реал избори финале во шпанскиот Суперкуп
- Екипата на Реал Мадрид ќе игра во финалето на фудбалскиот Суперкуп на Шпанија. „Кралевите“ синоќа во првото полуфинале ја совладаа Валенсија со 3:1.
![Реал избори финале во шпанскиот Суперкуп](https://new.mia.mk/index.php/images/20221102115011_big_730x400_49.webp )
Џеда, 9 јануари 2020 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид ќе игра во финалето на фудбалскиот Суперкуп на Шпанија. „Кралевите“ синоќа во првото полуфинале ја совладаа Валенсија со 3:1.
Стрелци за Реал беа Тони Крос, Иско и Лука Модриќ. За Валенсија погоди Даниел Парехо во судиското надополнување.
Во второто полуфинале вечер од 20 часот играат Атлетико Мадрид и Барселона.
Шпанскиот Супер куп се игра во Џеда, Саудиска Арабија. зс/