Реал го претстави Алаба (видео)
- Реал Мадрид денес го претстави дефанзивецот Давид Алаба како нов играч на тимот. Трансферот на австрискиот фудбалер беше објавен на 28 мај.
![Реал го претстави Алаба (видео)](https://new.mia.mk/index.php/images/20221107234339_big_730x400_36.webp )
Мадрид, 21 јули 2021 (МИА) - Реал Мадрид денес го претстави дефанзивецот Давид Алаба како нов играч на тимот. Трансферот на австрискиот фудбалер беше објавен на 28 мај.
- Има нов член во групата, стои во пораката под видеото на Алаба на Твитер. Минатата сезона, Алаба играше за Баерн Минхен. Во германското првенство одигра 32 натпревари, постигна два гола и направи три асистенции. Порталот Трансфермаркт го проценува дефанзивецот на 55 милиони евра. Договорот на играчот со Реал Мадрид е на пет години. зс/