• среда, 13 ноември 2024

Реализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје

Реализирани над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје

Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат,каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своитевештини за креирање на развојни планови и управување со проекти, да научат за ефикасно водење на преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.

„Големиотинтересштогодобивамезабесплатнитеобуки „Вештинизауспех“ нипокажувадекасменавистинскиотпатконреализацијананашитестратешкизаложбизаодржливразвој и поддршканазаедницатапрекуплатформата Youth Empowered. Мерадувафактотшто 50% одскоро 8-теилјадиучесницикоијапоминалеобукатасевработилеилиосновалесопственбизнис. Прекуобукатакреирамедополнителниможности и перспективизамладите и лицатаодранливикатегории, придонесувамезазголемувањенанивнатавработливост и заразвојотнапретприемништвотовоземјата. Какокомпанијасвртенакониднината, а мотивираниоддосегашнитерезултати, продолжувамезаедносонашитепартнеридаинвестирамевомладите“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја изрази својата поддршка за платформата Youth Empowered на Пивара Скопје,истакнувајќи ја важноста на вклученоста на општественоодоговорните компании во поддршка на младите во нивното позиционирање на пазарот на труд.

„Пиваракакоопштественоодговорнакомпанија, веќеподолгвременскипериод е поддржувачнанајранливатакатегоријанаграѓаниводржавата, а однеодамна е и веренсоработникнаМинистерствотозатруд и социјалнаполитикавоостварувањенаакции, активности и идеикоигипоттикнуваатнајмладитеконблагосостојба, менталноздравјесоцелпоголемонивновклучувањенапазаротнатрудот“ истакна Тренчевска. 

„Ме радува што целокупната обука станува се подостапна за уште поголем број млади луѓе и содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење. Тоа знаење и искуства на младите преку менторски пристап им го пренесуваат членови на менаџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномирани меѓународни организации, кои учествуваат во реализацијата на програмата, што секако е уникатна вредност за учесниците во обуките“, вели Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која ја испорачува обуката и е долгогодишен партнер на Пивара Скопје.

Програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира од 1997 година и е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

Остани поврзан