• сабота, 23 ноември 2024

Реакција од Фаланга Херонеа на прес-конференцијата на Град Скопје во врска со галијата

Реакција од Фаланга Херонеа на прес-конференцијата на Град Скопје во врска со галијата
Скопје, 9 март 2020 На денешната пресс конференција на Град Скопје беа искажани невистини и затоа во интерес на вистината сакаме да појасниме: 1. Во 2016 година заради изградба на Панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, ни беше оневозможено да ја вршиме нашата основна дејност. Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа. 2. Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале. 3. Оваа денешна пресс конференција ја сметаме за политички мотивирана постапка во функција на престојните избори. Ние ќе ги превземеме сите правни мерки за заштита на интересите на нашата компанија. ДПТУ ФАЛАНГА ХЕРОНЕА ДООЕЛ _________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан