• четврток, 26 декември 2024

Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

Реакција од ОТА на прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски

16 јуни 2023

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите

Со ова обраќање во име на Оперативнотехничката агенција најодговорно и во целост ја негираме изјавата и дезинформациите изнесени од страна на пратеникот Бране Петрушевски на денешната прес конференција во Собранието на Република Северна Македонија дека ОТА го прекршила членот 2 од Законот за следење на комуникациите и дека на било кој начин се преземаат чекори за нарушување на националната безбедност.

Напротив, Оперативно-техничката агенција во соодветна постапка и со вклученост на сите институции надлежни за спроведување на процесот за следење на комуникациите, со одобрени средства за конкретна намена од страна на Владата на Република Северна Македонија и во согласност со членот 2 од Законот за следење на комуникации има поднесено барање за одобрение и техничка спецификација за што има добиено и поседува позитивно мислење и одобрување од страна на Министерството за внатрешни работи..

Оперативно-техничката агенција од своето формирање како самостоен и независен државен орган е истакнат застапник на доследното спроведување на законитоста, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, залагајќи се за редовни, континуирани и суштински надзор и контрола, со чие доследно спроведување од страна на сите чинители работиме во насока да ја вратиме довербата на јавноста во овој дел од безбедносниот сектор, што го сметаме за стратешка, системска и заедничка, општествена заложба која ги надраснува било каквите поединечни и/или групни интереси.

Во таа смисла ја уверуваме македонската јавност да биде спокојна и да не подлегнува на политички мотивирани изјави дадени во особено сензитивни околности, со кои ОТА и нејзиното работење немаат никаква поврзаност. 

Со почит,

Оперативно-техничка агенција (ОТА) 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан