• среда, 27 ноември 2024

Реакција од општина Гази Баба на прес - конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

Реакција од општина Гази Баба на прес - конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ
Скопје, 19 март 2022 Почитувани, Лицемерието на политичката партија СДСМ го достигна врвот. Наместо да се обидува да манипулира со граѓаните, ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се ифнормира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања? Денешниот договор за привремени вработувања е помал од оние во времето на претходниот градоначалник за околу 5 милиони денари. Во периодот на владеењето на СДСМ со општина Гази Баба биле склучувани договори со лица кои никогаш не се појавиле на работа во општинската администрација, а примале плата од буџетот на општината со месеци. Дополнително на оние кои биле со договор за привремени вработувања висината на платата им се определувала паушално и надвор од утврдената систематизација. Овие појави во општина Гази Баба станаа минато. Времето на незаконско работење во општина Гази Баба заврши. Ги упатуваме СДСМ да се информираат од своите функционери зошто не даваат согласности за вработување во градинките, па мора општината од својот буџет да издвојува средства? Одделение за протокол и односи со јавноста - Општина Гази Баба ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан