• четврток, 26 декември 2024

Реакција од НСПВ за Законот за вработени во МО и за Колективниот договор

Реакција од НСПВ за Законот за вработени во МО и за Колективниот договор

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ) денеска реагира преку соопштение по вчерашната прес-конференција во Министерството за одбрана, во врска со Законот за вработените во одбраната и за Колективниот договор. Во соопштението се наведува дека не било прифатено ниту едно од нивните барања и предлози ниту во однос на Законот, ниту за Колективниот договор.

Од НСПВ посочуваат дека имале едно барање за Законот за вработените во одбраната, а тоа е професионалните војници со високи образование да ги пополнат испразнетите места во МО, со што, како што наведуваат, ќе се вреднува и образованието и трудот на професионалните војници.

Колективниот договор, стои во соопштението од НСПВ, н ахартија е едно, а во реалност е друга ситуација. Тие тврдат дека се уште селективно се исплаќаат прекувремените и ноќните часови, нема хранарина, нема исплата на патни трпшоци, а има, се подвлекува во соопштението, намалени синдикални права за заштита на синдикалните претставници...

- На професионалните војници им е сопрена исплатата на опремнината за прекин на работниот однос  по однос на наполнување на 45 години со изговор дека е изборен период, се вели меѓу другото во соопштението од НСПВ. цр/са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан