• среда, 18 декември 2024

Реакција од МПС до членовите и вработените во МВР

Реакција од МПС до членовите и вработените во МВР
Скопје, 1 јули 2021 Почитувани членови на Македонскиот Полициски Синдикат(МПС) и сите вработени во Министерството за Внатрешни работи, Сакаме да Ве информираме дека по повод потпишување на новиот Колективен договор на МВР, МПС изминативе денови работеше на формирање на тимови составени од  членови на нашите највисоки органи  и тела, кои веќе од наредната недела ќе ги посетат Советите на МПС каде преку непосреден контакт со членството детално ќе ја  презентираат содржината на КД и придобивките од истиот. Она што како МПС сме цврсто уверени дека заедно со тимот на МВР и разбирањето кое го имавме од Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски, успеавме да изработиме колективен договор  кој претставува производ од неколку месечна работа на работната група. Процес во кој преставниците на МПС ги презентира предлозите од членството, аргументирано и во рамки на законот, се со цел надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди неопходни за подобрување на условите на работа на вработените во МВР во новиот Колективен договор. Колективен договор кој целосно е во насока на севкупно подобрување на стандардите и условите за работа на сите припадници на македонската полиција,  со кој  испишавме историја во синдикализмот во Република Северна Македонија. Колективен договор на кој сме особено горди што успеавме да бидат  задржани сите досегашни добиени права, (за кои многу синдикати во замјава не успеале ниту да ги стават на маса за преговори), колективен договор во кој се добиени нови права почнувајќи од за првпат платеното домашно дежурство, договор во кој за првпат во земјава се употребува родовиот речник, се заштитуваат вработените кои се 03 ефективни  години пред пензија да неможат да бидат прераспоредувани,  колешките родилките добиваат 100 евра за секое новороденче,  го предвидовме платеното отсуство за колегите  спортисти кои го преставуваат министерството или републиката додека трае основот, за крводарителите 03 работни дена, предвидовме посебна заштита за колегите кои работат ноќе, јубилејна награда за колегите кои ќе наполнат 10 години непрекината работа во МВР, 150 евра за колегите ментори и тн. При преговорите отворивме и многу други теми, се разговараше за многу барања на членовите, за кои веруваме и цврсто сме уверени дека во блиска иднина ќе бидат реалзирани.  Убедени сме зашто знаеме како да го оствариме тоа,умееме да го анализираме, презентираме зашто само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија. Паралелно откако го превземавме раководството во МПС секојдневно сме во преговори со раководтвото на МВР на полето за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, подобрување на професионалните услови за работа, воспоставување на европски стандарди во полицијата. Факт е дека успеавме да ги зголемиме платите во секторот информатика , процес кој очекуваме многу скоро да продолжи и кај останатите сектори,  полицајците прв пат по осамостојувањето  добија зголемени бодови, процес кој многу брзо ќе продолжи кај инспекторите, успеавме да се избориме да МВР ги  исплати бонус платите за да не мораат колегите да се влечат по судови и да им ги полнат контата на адвокатите. И додека секојдневно од членовите на МПС пристигнуваат пофалби за она што сме го сработиле, додека ние прибираме нови идеи, додека работиме на инстутиционалната борба за уште повеќе и уште подобри работнички права за вработените во МВР кои многу набрзо ќе бидат објавени на општо задовлство на членовите,ние од МПС сме на удар на  секојневни напади преку пласирање на  стопроцентно основани на лаги, а од страна на една мала група наши колеги кои за жал се длабоко завлезени во едниумието.. Здружени во едно т.н здружение кое е во владение  злобата и зависта , на нивниот facebook профил, креиран и во најголема мера контролиран од ............... секојдневно незнаејќи што со себе, се обидуваат да го оцрнат се она што ние го направивме, негираат се и сешто, спинуваат, етикетираат, забораваат на се и сешто. Толку злоба и лоши намери проткаени со лаги, само затоа што не сме истомисленици со нивните квази идеи. Она што нам ни е јасно дека и покрај оваа грозна хајка, нема да им успее ни да не исплашат или пак  замолчат. Напротив продолжуваме и натаму во истиот правец. Продолжуваме да   напорно да работиме, да  покажеме и докажеме  дека знаеме и умееме,како да ги штитиме,како да ги  унапредуваме и надоградуваме економско социјалните и правата од работен однос на членовите. Нив можеме да им понудиме бесплатни лекции за синдикализам. Колешки и колеги од МВР, со потпишувањето на Колективниот договор ние не завршивме со преговорите, туку започнавме..... П.С.” Злобата е недостиг на виделина, и нема злобниот да прогледа додека му завидува на оној што гледа!“ Македонски полициски синдикат Претседател д-р Марјан Кицев ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан