• сабота, 28 декември 2024

Реакција на ТДП за проблемот со издавањето пасоши, лични карти и возачки дозволи на турски јазик

Реакција на ТДП за проблемот со издавањето пасоши, лични карти и возачки дозволи на турски јазик

22 јануари 2024

Последните денови до нашата политичка партија се пристигнати повеќе поплаки и преставки околу издавањето на патните исправи (пасош), лични карти и возачки дозволи на Турски јазик, од скоро сите градови на целата наша држава.  

Нашите сонародници Турци кои аплицираат во подрачните единици на МВР за добивање нови документи, постојано се соочуваат со „одговорот„ дека не им се достапни ОБРАСЦИ за пасош со нивниот матичен јазик, за документите за лична идентификација и возачка дозвола. 

Бидејќи се работи за проблем кој и долги години наназад ја среќаваме, овој пат чашата е прелеана и веќе нашите сограѓани Турци овој проблем го толкуваат како најневиден чин на ДИСКРИМИНАЦИЈА. 

Со тоа што ова веќе премина на кршење на правата што на нашите сонародници им се обезбедени со устав и законите на нашата држава. 

Од овластените институции претходно беше најавено дека личните документи мора да се променат до февруари 2024 година. Институциите кои одвоија одреден временски период за граѓаните се должни самите да проценат потребата од бројот на документите кои се неопходни за издавање со промена на новото име на државата и да направат подготовки и притоа да внимаваат на тоа во наведениот рок. 

За жал според она што се пласира во јавноста, испадна дека институциите не биле спремни за овој предизвик и се створени големи редици околу издавањето на овие документи и за жал во целава ова приказна како и секогаш обичниот граѓанин треба да се справи со непрофесионалноста на државните институции. 

Да ги терате граѓаните да чекаат во редици за пасоши со часови и да не им дозволувате да ги остварат своите законски дадени права е најтешка форма на дискриминација. Ова е најоголем чин во кршењето на основните човекови права и слободи. Државата ги игнорира сопствените граѓани и не ја почитува нивната волја.  

Покрај сето ова најголем абсурд е тоа што намерно или ненамерно им се препорачува со давање на насоки на Турците на Македонија да аплицираат за документи на различни други јазици во „НОРМАЛНА ПОСТАПКА„ а на свој матичен јазик преку БРЗА ПОСТАПКА за добивање на патна исправа ?! 

Досега нашите иницијативи за поплаки добиени од наши сонародници кои живеат ширум нашата земја се игнорирани и не е донесено никакво решение од надлежните органи. 

Затоа како Турска Демократска Партија (ТДП), би сакале јавно да ја искажеме нашата грижа и јавно да го опишеме овој чин на дискриминација. 

Во овој контекст, како политичка партија изјавуваме дека уште денес ќе поднесеме писмена пријава до Комисијата за Антидискриминација на Република Северна Македонија и ќе побараме да се откријат причините и одговорните за овој немил инцидент. 

 

Демократска Партија на Турците на Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан