• петок, 26 јули 2024

Реакција на Славјанка Петровска на изјавата на Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на Славјанка Петровска на изјавата на Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ

16 јули 2024

Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК. Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука.
 
Ај сега еден бесплатлен совет од мене, бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да "си пукате во нога"

Во меѓувреме одговорете:
1. Како е можно за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?
2. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена?
3. ⁠Ќе се извини ли Мицкоски за злоупотреба на позицијата и организирање  прошетки на неговиот син во Вашингтон?
4. ⁠Како е можно за директор на Управата за извршување на санкции да поставите лица со несоодведно искуство?
5. ⁠Кој ви дозволи ја задолжувате државата, односно граѓаните со 500 милиони евра за да ги покриете неспособните градоначалници на ДПМНЕ?

Со лаги, клевети и закани нема да ме спречите да ја говорам вистината и да поставувам прашања.
Одговорете, не молчите

Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан