• четврток, 19 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Ковачки

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Ковачки
Скопје, 1 окотмври 2022 Очајниот Мицкоски преку шпионот Ковачки шири лажни вести за да ја зачува фотелјата во Белиот дворец Не престануваат нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон претседателот Димитар Ковачевски, затоа што во Белиот дворец се очајни и фрустрирани од неговата чесна и одговорна работа. Јавноста ја гледа разликата помеѓу чесноста на Ковачевски и нечесноста на криминалното ДПМНЕ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ со постојани напади базирани на манипулации и невистини се обидува да го оцрни Ковачевски. Во ДПМНЕ имаат голем проблем бидејќи народот повторно ги прочита дека освен криминал и фотелји, воопшто не се заинтересирани за граѓаните. Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како овој последниот од 136 милиони евра. И за тие грозни манипулации го избраа Драган Ковачки, дезеретот и шпоин. Ковачки е човек кој додека бил во АРМ кодошел, вадел документи, навредувал колешки и колеги, човек кој бил казнуван и санкциониран за своите постапки. Тој е дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале еполетите и облекол сако за во Белата Палата да го прави она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши, да плука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани! Тоа е дното на ДПМНЕ. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан