• среда, 25 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 16 јули 2022 Собранието денеска потврди дека македонската иднина е европска, иднина со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и историска посебност. Денеска, без разлика на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ победници се граѓаните затоа што им е обезбедена европската иднина. Тоа му е јасно и на Христијан Мицкоски а доказ за тоа е и неговата денешна очајна прес-конференција. Не успеаја неговите црни сценарија и обиди за дестабилизација што ги правеше со Димитар Апасиев и Арбен Таравари, граѓаните не потклекнаа пред нивните провокации и конструкции. Неговите пратеници со денови свиреа, навредуваа и се закануваа, говореа дека жестоко се против предлогот, за на крајот по којзнае кој пат да избегаат од салата, немајќи храброст да гласаат против. Денес, нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Мицкоски повторно одбра да остане во минатото, изолиран и оставен сам со својот проруски партнер Левица. Потонаа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки! Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан