• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 15 март 2025

Покрај сите критики од граѓаните за поведението на Бране Петрушевски, кој во име на Мицкоски и ДПМНЕ е на браникот против работниците и покачувањето на платите, тој не престанува со секојдневни прес-конференции, со кои на секој можен начин се бори платите да не пораснат.

Петрушевски докажа дека нема дно кое не може да се пробие кога е во прашање борбата против работниците, нивните права и растот на платите. 

Додека Петрушевски ужива во плата од неколку илјади евра и уште толку патни трошоци, додека јаде папаја и манго и се вози во приватни авиони со неговиот шеф Мицкоски, жолчно се бори граѓаните да не добијат покачување на платите. Очигледно, парите ги заслужува само тој и функционерите од ДПМНЕ, додека сите други треба да се борат за опстанок.

Страшно е што за само девет месеци власт, ДПМНЕ го достигна плафонот со ароганција и потценување на граѓаните, грижејќи се само за своите интереси. Неспособното ДПМНЕ прво ги остави трговците да ги ограбат граѓаните, потоа истото им го дозволи со струјата и парното, за на крајот да се бори и против покачување на платите.
 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан