• недела, 24 ноември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 18 март 2022 ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за економија и управување со парите на граѓаните. За време на режимското владеење, ВМРО-ДПМНЕ успеа двојно да го зголеми јавниот долг, државата и граѓаните да ги презадолжи за споменици, палми, гипс – картон фасади и криминални тендери. Додека државата се задолжуваше заради криминални зделки на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните тонеа во сиромаштија а платите и пензиите со години беа замрзнати. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите обезбедува повеќе пари за граѓаните но и повеќе буџетски средства за реализација на важни капитални проекти. Минималната плата денес е двојно поголема отколку пред четири и пол години, просечната плата е зголемена за над 6.000 денари, денес имаме повисока просечна пензија и следува рекордно зголемување на сите пензии, социјалната помош е зголемена за 300 отсто, додека бележиме рекордна исплата на субвенции за земјоделците. Грижата на СДСМ за граѓаните се гледа и за време на оваа криза преку пакетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра со кои се заштитува стандардот на граѓаните но им се помага и на компаниите да останат ликвидни и да ги задржат своите вработени. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за економијата и граѓаните најдобро покажува однесувањето на нивните градоначалници кои во време на криза трошат стотици илјади евра за вдомување партиски кадри и за непродуктивни трошоци. Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за стопанството, ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници расипнички ги троши парите на граѓаните, како што впрочем тоа го правеше цели 11 години на централно ниво. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан