• среда, 18 декември 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски за поскапувањето на струјата

Реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски за поскапувањето на струјата
Скопје, 29 јуни 2022
Кај 98.8% од потрошувачите во просек ќе има покачување од само 7,4%, одлука на независно тело, Владата ќе продолжи да ја субвенционира струјата
Кога Мицкоски ќе каже „реално“ тоа е како да им кажал на граѓаните само дека реално ги лаже. Толку вреди зборот на Мицкоски.
Не е првпат Мицкоски да шири невистини околу цената на електричната енергија. Паметат граѓаните дека тој и ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на минатата година лажеа дека струјата ќе поскапела 40, 50 отсто за на крајот да излезе дека таа не поскапе повеќе од 10 отсто во период кога на светските берзи цената на струјата растеше и двојно и тројно.
Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават истото.
Вистината е сосема поинаква а одлуката за корекција на цената ја носи независно регулаторно тело. Со оваа одлука за 98.8 отсто од семејствата цената на струјата ќе се покачи за просечно 7,4 отсто, што е далеку помалку од лагите на Мицкоски.
Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата за крајните потрошувачи за 80 отсто и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.
Колку е Мицкоски способен за енергетика покажуваат неговите мандати како советник за енергетика и ЕСМ кога државата беше комплетно зависна од скап увоз на струја, а цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто а беше укината и дневната евтина тарифа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан