• сабота, 09 ноември 2024

Реакција на СДСМ за одбиениот амандман на комисиската седница за ребалансот на буџетот

Реакција на СДСМ за одбиениот амандман на комисиската седница за ребалансот на буџетот

29 јули 2024 

ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата.

Политиките кои ги најавува Мицкоски, не само што нема да доведат до раст на платите, туку ќе предизвикаат зголемување на сиромаштијата, зголемување на социјалните разлики и следствено на тоа, огромно разочарување на работниците.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаа шанса да ги прифатат амандманите на СДСМ и да покажат дека добрите политики на растот на платите треба да продолжат и дека знаат да го ценат трудот  и се грижат за стандардот на луѓето.

Наспроти тоа, тие само покажаа дека ќе водат политики во интерес на мал круг на луѓе. Нивниот економски концепт е заснован на промовирање на евтината работна сила.

Граѓаните знаат дека и во најтешките економски услови, во услови на кризи и економска апокалипса, СДСМ се грижеше секој да живее достоинствено и парите ги насочуваше да им помогне на луѓето полесно да го поминуваат секојдневието.

Дојде власт која очигледно верува само во суров капитализам каде тие се возат со бизнис класи, а граѓаните врзуваат крај со крај.

Работниците брзо ќе дојдат по своето и ќе ја препознаат огромната измама наречена економска преродба во ново пакување која ја сервира ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа политика единствено ќе се преродат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и грст луѓе околу нив, додека народот ќе пати.

СДСМ останува на страна на работниците и на политиките кои гарантираат повисоки плати, а не на политиките каде растот на платите е по желба и одлука на малкумина. Овој модел еднаш доживеа тешка катастрофа, а сега ВМРО-ДПМНЕ н го сервира на уште побрутален начин. Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан