Реакција на премиерот Рама по протестот на претседателот Мета
- По протестот организиран од страна на претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама порача дека Парламентот нема да ја признае уредбата за распуштање на законодавниот дом.
Тирана, 2 март 2020 (МИА) – По протестот организиран од страна на претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама порача дека Парламентот нема да ја признае уредбата за распуштање на законодавниот дом.
Според Рама, по уредбата што ја потпиша шефот на државата на протестот за враќање на уставната надлежност за именување и давање заклетва на уставните судии што му ја одзеде парламентот, на Мета не му останало ништо друго како Претседател и оти тој,според Рама, ја „започнал кампањата внатре во опозицијата“.
-Каде е новото овде? Денес, Европска комисија даде препорака за започнување на преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ, објавувајќи извештај за напредокот што ја зајакнува минатогодишната препорака. Ова е вест на денот за мене. Денес има извештај во Брисел кој треба нормално да го радува еден Претседател на Република, а тој експлодира како програмирана мина пред Вас. За мене тоа е нешто очекувано и не ме изненадува, рече Рама.
Посочи дека претседателот на Републиката не може да потпише вакви уредби, додека Илир „кој веќе нема ништо со функцијата Претседател денес започна кампања во рамките на опозицијата, па може да потпише уредба за објавување војна на САД, но парламентот нема да го признае тоа“ иронизираше Рама.
-Повторувам дека добрата вест денес е дека вистинска Албанија доби последователна поддршка во Брисел, додека Албанија која го остварува целиот овој напредок станува сè повеќе проблем за оние што се собрани денес. Лошата вест денес е дека Демократската партија се претвори во фигуративен сервис за Претседателот,рече Рама.
Претседателот Мета на протестот потпиша уредба со која на повторно разгледување го враќа законот со кој му се одземаат споменатите надлежности. Тој се заколна дека доколку тоа не го направи парламентот до 15 мај,кога треба да заври зборната реформа ќе го распушти парламентот. вт/