• четврток, 26 декември 2024

Реакција на пратеникот на Движење БЕСА, Фадил Зендели на изјавите на Џафери дека опозицијата ја опструира Комисијата за избори и именувања

Реакција на пратеникот на Движење БЕСА, Фадил Зендели на изјавите на Џафери дека опозицијата ја опструира Комисијата за избори и именувања
Скопје, 8 февруари 2022 Изјавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека опозицијата ја опструира Комисијата за избори и именувања, каде и јас како пратеник сум член на оваа Комисија, ги опишувам како бегство од одговорноста на парламентарното мнозинство и неподготвеноста да се седне и да се разговара за прашања кои се во интерес на граѓаните и државата. Апелирам до господинот Џафери да биде коректен во изјавите и немањето политичка волја за компромиси со опозицијата, да не го оправдува со наводни блокади и опструкции од опозицијата. Претседателот на Собранието ги има сите нормативни овластувања да свика седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, но тој не го прави тоа?! Јас сум пратеник со искуство во републичкото Собрание и со мојата работа и политичка посветеност покажав зрелост и визија за носење сериозни политички одлуки. Јас сум член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во два пратенички состави и бев отворен и конструктивен во одлучувањето и функционирањето на оваа комисија. Повторувам дека за се што е во интерес на граѓаните, на европскиот пат на државата, за добро функционирање на јавните институции подготвени сме да седиме и да разговараме, но нема да станам алатка и инструмент на промашените политики на дуото СДСМ-ДУИ.
Реакција на пратеникот на Движење БЕСА, Фадил Зендели
_______________________________________________________________________________________МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан