• недела, 24 ноември 2024

Реакција на правната одбраната на Јордан Камчев

Реакција на правната одбраната на Јордан Камчев
Скопје, 11 јули 2021 Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифати гаранцијата која г-динот Јордан Камчев ја понуди како замена на затворскиот, со поблага мерка, домашен притвор оценувајќи дека понудените гаранции се доволна потврда и обезбедување за замена на мерката. Покрај тоа, Вишото јавно обвинителство го зема во предвид и фактот дека се работи за бизнисмен кој има повеќе од  2500 вработени и кој пред издржување на мерката притвор секогаш уредно соработувал со сите органи на прогонот и судот. Во предвид е земено и дека по четири месеци ефективен притвор, г-динот Јордан Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба.  Пред само неколку денови, г-динот Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Г-динот Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст. По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје. Јавното обвинителство е овластен предлагач за определување на мерки за обезбедување и  според досегашната судска пракса на кривични постапки судот секогаш ги засновал своите одлуки за определување на мерки за обезбедување на присуство во рамките на предлозите поднесени од јавното обвинителство. Во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот. Оттука,  целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со г-динот Камчев. Според сите овие факти и сето она кое ние како одбрана и јавноста го следиме и сведочиме повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз г-динот Камчев, личен анимозитет кон г-динот Камчев како и класична тортура која веќе секако беше потврдена и од Народниот правобранител. Правна одбрана на г-динот Јордан Камчев Адвокатска канцеларија Савиќ Адвокатска канцеларија Гоце Ристески              Адвокатско Друштво Наумов, Менкиноски и Партнери Адвокатска канцеларија Еленко Миланов _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан